📽 Страшни поплави во Австралија: На улиците забележан и крокодил

од Stefanija Kuzmanovska
275 прегледи

Рекордна количина на врнежи е причина за огромните поплави во Австралија, на крајниот север на Квинсленд.

Надлежните наведуваат дека ова е најлошата поплава некогаш забележана во Австралија, а на улиците е забележан дури и крокодил, пишува Би-Би-Си.

Екстремните временски услови предизвикани од тропски циклон фрлаат годишно количество на врнежи во некои австралиски области. Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат потопени авиони на аеродромот во Кернс, крокодили среде градот и луѓе кои бегаат од своите домови со чамци.

Засега нема извештаи за загинати или исчезнати лица. Интензивни врнежи се очекуваат во наредните 24 часа.

Стотици луѓе се спасени – многу куќи се поплавени, нема струја, патиштата се отсечени, а вода за пиење едвај се наоѓа. Од почетокот на временските неприлики во градот Кернс паднале повеќе од 2 метра дожд.

„Ова е најлошата природна катастрофа на која можам да се сетам. Разговарав со локалното население во Кернс кога бев на теренот и тие велат дека никогаш не виделе такво нешто“, изјави премиерот на Квинсленд, Стивен Мајлс за Australian Broadcasting Corporation.

Слични содржини