📽 Вака изгледа земјотрес со јачина од 7,2 степени под море

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Јапонија на Нова година ја погоди земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтер, а штетите и жртвите се уште се бројат.

Според последните информации, вкупниот број на загинати достигна 48, изјави за AFP официјален претставник во областа Ишикава, епицентарот на земјотресот. Во вторникот, уште еден земјотрес со јачина од над 5 степени ја погоди областа Ишикава.

Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека по најсилниот земјотрес може да се случат нови силни потреси во следните денови.

Откако силен земјотрес ја погоди Јапонија, започна да кружи видео на социјалните мрежи од пред еден месец, кога земјотрес го потресе морското дно на Индонезија. Неговата магнитуда била 7,2 степени, а на видеото можете да видите што е снимено од група нуркачи.

Слични содржини