📽 ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Почина турски пратеник, доживеал срцев удар во парламентот

од Stefanija Kuzmanovska
307 прегледи

Турскиот опозициски пратеник Хасан Битмез, член на партијата Фелисити (Саадет), почина денеска во градската болница во Анкара, два дена откако доживеа срцев удар во парламентот, откако го заврши говорот во кој ја критикуваше политиката на владата на Израел, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коча.

На снимката од турскиот парламент се гледа како Битмез (54) паѓа на подот по говорот во кој ја критикуваше владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган за трговијата на Турција со Израел и покрај војната во Газа и острите критики на турската влада поради израелските бомбардирања.

„Дозволувате бродови да одат во Израел и бесрамно го нарекувате тоа трговија. Вие сте соучесник на Израел“, рече Битмез во говорот откако на подиумот постави транспарент на кој пишуваше „Убиец на Израел; соработник на АКП“.

„Вие и вашите соработници ја имате крвта на Палестинците на вашите раце. Вие придонесувате за секоја бомба што Израел ќе ја фрли врз Газа“, им рече тој на пратениците за време на дебатата за буџетот на министерството за надворешни работи за 2024 година.

Турскиот министер за здравство по седницата во вторникот објави дека ангиографијата открила дека две главни вени во срцето на Битмез биле целосно блокирани.

„Срцето престана да му чука, беше реанимиран во парламентот и за 20 минути префрлен во болница, каде медицинска машина го одржуваше во живот“, рече Коча.

Малата исламистичка партија Саадет се приклучи на главниот опозициски блок кој го поддржа противникот на Ероган, Кемал Киличдароглу на претседателските избори во мај оваа година.

Битмез, кој дипломирал на Универзитетот Ал Азхар во Каиро, бил претседател на Истражувачкиот центар на Исламската унија.

Слични содржини