Мажот што во неделата во летот на „Изи Џет“ од Лондон до Глазгов брзо го совлада терористот е Зоран Настески, кој десет години работи во Велика Британија. Тој е половина Македонец – по татко му, кој е роден во Скопје, а половина Србин – по мајка му, известува српски „НИН“.
Кога еден од патниците почна да вика дека има бомба во авионот, заканувајќи се со „смрт на САД“ и нејзиниот претседател Доналд Трамп и Америка. па почнал да вика „Алаху Акбар“, предизвикувајќи паника кај патниците, Настески му се обратил на човекот на чист српски јазик:
– Седни, доле, п***ти материна
После тоа, го соборил на подот и го совладал, додека уште еден патник му притрчал за да му помогне да го совладаат терористот. Потоа го држеле така до слетувањето.
Настески видеото од совладувањето го објави на својот Јутјуб канал. Една патничка го снимала видеото и потоа му го испратила, а тој го објави.
„Вчера наутро (27 јули) тргнав на одмор во Глазгов. Десет минути пред слетувањето, покрај мене помина човек што во рацете држеше кафе и телефон. Прво се исплашил дека ќе ме полее со врело кафе, па се тргнав. Потоа почна да вика дека има бомба и дека ќе го собори авионот, за да докаже дека политиката на Трамп е погрешна“, вели Настески за „НИН“.
Патниците се испаничили, децата врескале, а и посадата била вознемирена, раскажува Настески за она што претходело на неговата реакција.
„Само инстинктивно реагирав, сакав да ги заштитам останатите. Станав, го соборив, му го одзедов телефонот и му ги држев рацете до слетувањето. Набргу ми помогна уште еден патник, не сум сигурен дали беше Англичанец или Шкот“, вели Настески.
Тој, по 10 години работа во Велика Британија, планира да се пресели во Србија, со својата партнерка.
„Се селам за Белград, оти ја запознав најпрекрасната жена на светот, Сандра“, вели Настески.
🎥„Седи доле“ – Србин совлада терорист во авион – неговиот потег го воодушеви светот