📽Аморим одговори на прашањето дали во недела ќе биде на „Олд Трафорд“

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Спортинг Лисабон го победи Национал со 3:1 и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Лига купот на Португалија. „Лавовите“ стигнаа до успехот без никаков притисок, со сите очи вперени во тренерот Рубен Аморим, кој речиси сигурно ќе го преземе Манчестер Јунајтед.

Пред првиот свиреж, Аморим доби аплаузи од навивачите на „Хозе Алваладе“ како своевидно збогување. На прес-конференцијата по мечот, стручњакот даде одговор на прашањето дали ќе го напушти клубот.

„Ништо не е решено. Не знам дали ова беше мојот последен натпревар како тренер на Спортинг. Дали во недела ќе бидам на Олд Трафорд? Ќе бидам тука“, изјави поранешниот играч за врска на Бенфика и Брага.

Претходно вчера раководството на Спортинг потврди дека Манчестер Јунајтед се изјаснил дека е подготвен да ја плати ослободителната клаузула на Аморим во висина од 10 милиони евра. Според медиумите во Англија, 39-годишниот тренер веќе ги договорил личните услови со „црвените ѓаволи“.

Слични содржини