Висам Бен Једер, поранешниот француски репрезентативец и член на Севиља, Монако и Тулуз, се соочува со затворска казна поради сексуален напад во алкохолизирана состојба.
Нему му се суди во Кривичниот суд во Ница за инцидентот од 6 септември. Според обвинението, Бен Једер сретнал девојка на околу дваесет години, која се согласила да влезе во неговиот автомобил, а потоа и ја ставил раката на бутот, се обидел да ја бакне и мастурбирал пред неа.
Шокираната девојка веднаш отишла во полициска станица, а Бен Једер веднаш бил уапсен.
VIDÉO – L'arrivée de Wissam Ben Yedder à son procès pour "agression sexuelle" ce mardi au tribunal judiciaire de Nice, via @sebgermain06 pic.twitter.com/bA5jzTHpK1
— France Bleu Azur (@francebleuazur) October 15, 2024
Сега обвинителот бара две и пол години затвор, од кои 18 месеци условни. Конечната одлука ќе биде на 12 ноември и има големи шанси Бен Једер да заврши зад решетки.
Бен Једер е без клуб од летото минатата сезона кога му истече договорот со Монако, за кој настапуваше пет години и со 118 гола е втор стрелец во клупската историја.
Тешко дека некогаш ќе му се врати на фудбалот, веќе има 34 години, а неодамна се разведе и со сопругата.