Англискиот напаѓач Мејсон Гринвуд веќе е во Марсеј каде треба да потпише со локалниот Олимпик. За него Манчестер Јунајтед ќе добие 30 милиони евра, како и 50% од неговиот следен трансфер.
Гринвуд слета синоќа и утрово се упати на медицинските прегледи.
Беше љубопитно да се види како ќе реагираат локалните навивачи, од кои некои неодамна изразија неодобрување за неговото евентуално доаѓање поради скандалот со неговата девојка. Меѓутоа, на аеродромот, Гринвуд беше срдечно пречекан од група ултраси, со што ги смири неговите стравови од можен негативен став.
🚨✈️ Mason Greenwood arrives in France to sign for Marseille. Fans waited at the airport and chanting his name. 🏴🇫🇷 pic.twitter.com/kS9lnuNgmU
— EuroFoot (@eurofootcom) July 17, 2024
Како што е познато, поранешниот англиски репрезентативец не играше долго време откако беше уапсен поради малтретирање на својата девојка. Но, потоа двајцата се смирија и полицијата ги отфрли обвиненијата против Гринвуд. Манчестер Јунајтед минатата сезона го испрати на заем во Хетафе.
Летово имаше и конкретни понуди за Гринвуд од Јувентус и Лацио.