Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта беше исклучително задоволен од фактот што Врховниот спортски совет на Шпанија му дозволи на клубот да ги користи Дани Олмо и Пау Виктор.
Сепак, одлуката не е конечна, но се додека ја има, двајцата ќе можат да играат за Каталонците.
Камерите во Џеда, дом на полуфиналето на шпанскиот Суперкуп меѓу Барселона и Атлетик Билбао, ја снимија радоста на Лапорта.
Шефот на Каталонците дури си дозволи да направи непристоен гест, а засега не е јасно кому му беше упатен.
🎥 Laporta’s reaction to the CSD news:
— Reshad Rahman (@ReshadFCB) January 8, 2025
Врховниот спортски совет на Шпанија, за да донесе конечна одлука, ќе ги слушне предлозите на Ла Лига и Федерацијата во врска со нивното одбивање да им дадат нова лиценца на двајцата играчи. Сепак, за ова ќе бидат потребни месеци.