📽Мурињо во комична епизода со својот преведувач: „Не е тоалет, туку …“

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Многу смеење имаше на прес-конференцијата на Жозе Мурињо по победата на неговиот Фенербахче над Ризеспор од 3-2 во натпревар од турската лига. Причината беше погрешен превод од англиски на турски, по што Португалецот на шега го удри преведувачот.

Мурињо на англиски рече: „Влегувам во зоната на самракот“, а преведувачот го помеша зборот „самрак“ (twilight) со „тоалет“ (toilet).

Тренерот веднаш ја фати грешката, на шега го удри и го поправи:

„Не тоалет, човеку! „Самрак“, по што целата сала падна во смеа…

Слични содржини