📽Нов испад на Џастин Бибер: „Пари, пари, пари, пари…“

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Џастин Бибер се судрил со фотографите кои го снимале додека бил во Палм Спрингс, откако му пришол на еден од нив и му рекол да се изгуби.

Во видеото што го сподели TMZ, пејачот веднаш го покрива лицето кога забележа фотографи како го фотографираат.

„Добро утро“, му рекол фотографот на Бибер, кој му одговорил: „Не! Не е добро утро! Веќе знаеш. Зошто си тука?“

Поп-ѕвездата потоа отиде кај фотографите и гестикулираше дека тие само „сакаат пари“ и постојано повторуваше: „Пари, пари, пари, пари, пари“.

„Изгуби се, брат. Пари, само тоа сакаш. Не ти е гајле за луѓето”, извикал Бибер додека ги покривал телефоните на еден од фотографите за да ги спречи да го снимаат.

Бибер тогаш им рекол да си заминат. Тој се појави во уште една чудна модна изјава – со качулка навлечена на едната рака и панталони од кои ѕиркаше неговата долна облека.

Испадот на Џастин Бибер доаѓа по низата вознемирувачки објави од пејачот, при што неговиот портпарол претходно ги негираше гласините за неговата наводна злоупотреба на дрога, нарекувајќи ги таквите наводи штетни.

Во исто време, пејачот продолжи со чудни пораки на социјалните мрежи, а неодамна предизвика загриженост за време на директниот пренос на Инстаграм каде се појави полугол и изгледаше изнемоштено. Поради општиот впечаток, многумина добија впечаток дека пејачот користи некои опојни супстанци.

Слични содржини