📽Педри го продолжи договорот со Барселона до летото 2030 година

од Vladimir Zorba
4 прегледи

Централниот играч за врска Педри го продолжи договорот со шпанскиот фудбалски клуб Барселона до летото 2030 година, објавија Каталонците на социјалните мрежи. Тој денеска го потпиша новиот договор во друштво на претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко.

Педри, роден во Тегеште на Канарските Острови, пристигна во Барселона пред пет години и по една сезона во Лас Палмас, потпиша професионален договор со Барса. 22-годишниот играч од средниот ред се врати кај Каталонците во 2020 година и заработи место во сениорската екипа на само 17 години.

Педри е проценет на над 100 милиони евра, а според медиумите во Шпанија неговата ослободителна клаузула е 1 милијарда евра.

„За клубот беше главен приоритет да потпише долгорочен договор со Педри. И за него. Педри порасна на Канарските острови како голем љубител на стилот на Барса и можеше да го исполни својот сон. Тој ќе продолжи да го прави тоа најмалку уште пет години“, напиша Барса на клупската веб-страница.

Слични содржини