📽Тре Јанг во епизодата: „Одиме во Лас Вегас“: Добар трик или провокација?

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Лас Вегас е градот на коцкањето, место каде што луѓето од целиот свет одат во потрага по среќа, а кошаркарите на Атланта кои со победата над Њујорк успеаја да обезбедат пласман во полуфиналето на НБА Купот, исто така, ќе ја бараат таму.

Хокс направија голем пресврт против Никс и дојдоа до предност со одличната игра во вториот дел од мечот, поради што не недостигаше драма на крајот. И токму оваа ситуација Тре Јанг ја искористи за на посебен начин да го прослави пласманот на својот тим меѓу четирите најдобри екипи во НБА Купот.

Некој би рекол многу оригинален и духовит, а има и такви кои сметаат дека на тој начин покажал непочитување кон противникот.

Нејсе, Атланта го имаше последниот напад предводен од Јанг, а бидејќи веќе немаше неизвесност, тој реши да помине време на средината на теренот. Сепак, не беше само тропкање на топката, туку првотимецот на „јастребите“ клекна на подот симулирајќи фрлање на коцката, што требаше да значи – „Лас Вегас, доаѓаме да те освоиме“.

Слични содржини