Легендарниот боксер Мајк Тајсон по речиси 20 години се врати во професионалниот ринг и – загуби. Тој беше поразен со едногласна одлука на судиите од Џејк Пол, Јутјуб сензација, а вниманието на гледачите го привлече по малку чуден детал.
Во неколку наврати можеше да се види како Мајк Тајсон ја гризе ракавицата за време на тепачката, а за тоа зборуваше и коментаторската екипа.
Прашањето за гризењето на ракавиците беше поставено по борбата. Новинарот Ариел Хелвани го праша 58-годишниот „Железен“ Мајк дали навистина ја гризе опремата или има проблем со заштитната гума?
Mike Tyson biting his gloves nonstop just to resist the urge to bite Paul's ear 😂😂 #PaulTyson pic.twitter.com/BID8mkp2S8
— Caicenzo (@CaicenzoCFC) November 16, 2024
„Имам навика да ги гризам ракавиците за време на борби, да“, изјави Тајсон.
„Имам фиксација со гризењето“, изјави Мајк, насмејуваќи ги сите во салата.
„Слушнавме за тоа“, рече новинарот Хелвани, јасно алудирајќи на она што се случи во 1997 година. Тогаш, во култната пресметка меѓу Тајсон и Евандер Холифилд, мечот заврши со дисквалификација на Мајк Тајсон, бидејќи тој дури двапати го гризна Холифилд, а вториот пат дури му одгриза дел од ушната школка.