Тешка сообраќајна несреќа во Србија: Учествувало и воено возило, има загинати и повредени

од Илинка Илиоска
52 прегледи

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска на патот на патот Краљево-Рашка кај градот Ушче , а во која има загинати и повредени, учествувало и возило на српската армија. Министерството за одбрана соопшти дека несреќата се случила околу 13 часот и 10 минути.

Како што наведуваат, при извршување на редовни задачи дошло до судир на борбено возило ВС „ПАСАРС“ и патничко возило. Неофицијално патничкото возило завршило под военото возило.

„Борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција. Според првите информации, во сообраќајната несреќа има повредени и загинати лица“, се наведува во соопштението.

Како што се додава, надлежните органи излегле на лице место и ќе ги утврдат сите околности на сообраќајната несреќа. РТС јави дека загинале две лица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Слични содржини