Ѓоковиќ го освои десеттиот Австралија опен и 22. Гренд слем трофеј во кариерата

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска призна дека триумфот над Стефанос Циципас во финалето на Австралија опен бил најголемата победа во неговиот живот.

Ѓоковиќ денеска го освои десеттиот Австралија опен и 22. Гренд слем трофеј во кариерата, откако во финалето го совлада Циципас со 6:3, 7:6 (7:4), 7:6 (7:5).

„Морам да кажам дека навистина ме трогнаа зборовите на Циципас. Ти благодарам многу за убавите зборови. Ние сме бестрашни ривали на теренот, сакаме да победиме, но тоа не значи дека не треба да се почитуваме и признаеме напорите на секој противник. Признавам дека имаше одличен турнир, но вечерва немаше среќа. Ова беше голема битка. Ова не е твое последно финале на Гренд слем, бидејќи имаш уште многу време“, рече Ѓоковиќ за Циципас по натпреварот.

Слични содржини