Од моја страна сето она што се случува како подгревање на тензии пред 4-ти февруари е еден фолклор кој што Бугарија го негува подолго време, после нивните фамозни декларации за црвените линии во 2019 години, собранискиот меморандум во 2020 итн. Постапките на Софија ги отежнуваат нормалните дипломатски односи меѓу двете земји и придонесуваат до вакви состојби. Двете држави преку своите институции како МВР и агенциите за безбедност се должни заради европската иднина на двете држави, да водат сметка да не се случи ништо на тој ден што ќе претставува навреда на делото на Делчев и на македонската држава и народ. Мислам дека овој пат ние ќе успееме да бидеме на висината на задачата и да ги избегнеме инцидентите, оценува поранешниот македонски амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев.
Според него, “спорно е што сите земји околу нас имаат право да го сонуваат свој сон и патриотизам српскиот, албанскиот, бугарскиот, кој што го искажуваат, но кога Македонците ќе се обидат да кажат нешто патриотски и значајно за нашата историја и вредности, тогаш веднаш ние во Македонија се плашиме дека тоа ќе ги иритира другите, но никогаш не анализираме што значат изјавите на луѓе кои доаѓаат овде и не навредуваат“.
-Тогаш ние викаме ете се случило и тие се маргиналци. Секој Македонец има право на таков начин да изрази револт, додаде Ѓорчев во емисијата „24 анализа“.