176
Услови, уцени, диктати да речеме не се на некој начин европски стандарди, вели поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев во „Само Вистина“ во врска со измените на Уставот за внес на Бугарите како услов за влез во ЕУ.
-Логично ќе беше од ЕУ следејќи ги нивните принципи ова барање да биде на крајот на преговорите, но тоа е на почетокот и не е принципиелно. Како граѓани треба да бидем свесни дека уцените не водат кон добрососедство така да овој начин за влез кон ЕУ е преседан и ќе не врати многу години наназад, вели Ѓорчев.