Ѓурчиновски: Со ништо не е нарушена борбената готовност на нашата Армија

од Nikola Popovski

Во целост стојам позади одлуките кои ги имаме донесено како Генералштаб и предложени на Министерството за одбрана и донесени од Владата, порача денеска началникот на Генералштабот, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој е дециден дека апсолутно со ништо не е нарушена борбената готовност на нашата Армија.

-Впрочем се ослободивме од источно вооружување и опрема, кое е старо и неперспективно и нефункционално, а од друга страна ја модернизираме Армијата, значително ја подобруваме борбената готовност и интероперабилноста со нашите сојузници во НАТО, каде што сега сме рамноправни членки на Алијансата. Во однос на содржината, структуурата, динамиката, проценките ги прави Генералштабот, и како што истакнав на почетокот, апсолутно со ништо не ја нарушуваме борбената готовност, а така ќе продолжиме и во иднина, кажа Ѓурчиновски.

Слични содржини