Јас ја исполнив својата законска обврска да реферирам по однос на случајот Онишченко пред Комисијата. Детално ги образложив фактите и докуменитте кои беа презентирани пред Комисијата. Со оглед на тоа што се работеше за сензитивна материја од строго доверлив карактер, не можам да дадам повеќе информации, изјави денеска новиот директор на АНБ, Зарко Милошевски по завршување на седницата.
Покрај случајот Онишченко, денеска на посебна седница членовите на собраниската Комисија беа информирани и за дојавите за бомби во училиштата и во јавните објекти.