Ја пронашол поранешниот сопруг, се обидел да ја оживее: Која е причината за смртта на Лиза Мари Присли?

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Лиза Мари Присли, единствената ќерка на познатиот рокенрол пејач Елвис Присли, почина на 55-годишна возраст.

Присли беше итно пренесена во болница вчера во критична состојба, а лекарите рекоа дека паднала во кома по „целосен застој на срцето“ набргу откако се пожалила на болки во стомакот, пренесе ТМЗ.

„Со тешко срце морам да ја споделам страшната вест со вас: мојата прекрасна ќерка Лиза Мари не напушти“, соопшти нејзината мајка Присила Присли.

Присила Присли не ја прецизираше причината за смртта на нејзината ќерка и побара од медиумите приватност, пренесува Би-Би-Си повикувајќи се на ТМЗ.

Нејзиниот поранешен сопруг се обидел да ја оживее

Лиза Мари Присли била пронајдена во четвртокот во нејзиниот дом во Калифорнија. Нејзиниот поранешен сопруг, кој живее на заедничкиот имот, ја нашол во спалната соба, се обидел да ја оживее и повикал брза помош.

Таа била пренесена во болница, но лекарите не можеле да ѝ помогнат. Се претпоставува дека доживеала срцев удар.

Бурниот живот на Лиза Мари Присли

Лиза Мари Присли беше единственото дете на познатиот пејач Елвис Присли и актерката Присила Присли. Следејќи ги стапките на нејзиниот татко, Лиза беше и пејачка, објавувајќи три албуми. Таа беше позната и по нејзините бракови со познати личности: Мајкл Џексон, Николас Кејџ, Дени Кју и Мајкл Локвуд.

Таа имаше четири деца, а нејзиниот син Бенџамин Кју изврши самоубиство во 2020 година.

Слични содржини