Јолевски: Советот не може да проверува кредибилтет, ниту да дава мислења за одредени кандидати за шеф на Обвинителството

од Destan Jonuzi
335 прегледи

Претседалот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во своето вечерашно гостување на емисијата „Топ Тема“ на Тв Телма изјави дека во законските решенија за избор на шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и ОЈО има многу нелогичности. Според него, Советот е исклучен од изборот, а има право да го разреши обвинителот.

– Ние не можеме како совет воопшто да проверуваме кредибилтет, ниту да даваме мислења за одредени кандидати. Мое лично мислење е дека би требало да претрпи промени овој закон, затоа што советот не може да биде исклучен од делот на избор, а може да го разрешува тој обвинител, истакна Јолевски.

Инаку, законското решение обвинителите самите да избираат шеф на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција беше посочувано како врв на демократијата.

Слични содржини