Совет на обвинители: Зошто Ристоска нè става сите во ист кош?

од Nikola Popovski

Советот на јавни обвинители не врши казнување. Изјавата на обвинителката Ленче Ристоска треба да биде пратена во Етичкиот совет во ЈО и истите да се произнесат дали има прекршување на етичкиот кодекс. Откако ќе го добиеме мислењето, ќе закажеме посебна седница, на која ќе донесеме конкретна одлука, рече денеска претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски.

Тој потенцира дека како совет не сакаат да бидат во кош со сите останати.

-Паушалното изнесување му штети на угледот на Обвинителствоти и обвинителите кои се избираат од овој Совет. Изнесувањето на работи дека се вршело влијание врз одредени обвинители, треба да се провери од Етичкиот совет, кажа Јолевски и додаде дека доколку се изнесува обвинение, мора да биде поткрепено со докази,

Ристоска пред неколку дена побара Советот на јавни обвинители да се реформира и да се разгледа опцијата да биде ад хок тело кое ќе се состанува по потреба.

-Јасно е дека Советот на јавни обвинители е извор на тргување со влијание, и сметам дека треба да се реформира. Владее клиентелистички однос за такви што лобираат за нивниот избор и не може да одговори на предизвиците со корупцијата и високиот криминал, рече обвинителката.

Слични содржини