306
Нека влезат Бугарите, они со својата минорност нема ништо поексклузивно да добијат отколку останатите етнички заедници. Што е тука срамота? Што се попривилегирани Турците да бидат спомнати тука. Вие вмровците таласате и тоа многу.
Вака му се обрати аналитичарот Агим Јонуз на Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата на „Само вистина“.
„Запнале бугарите па бугарите, бидете мудри, пуштете ги Бугарите во Уставот“, му рече аналитичарот.
„Кај ви е приказната за Александар Македонски, папала маца, помина проектот Скопје 2014, и затоа си викате чекај сега како народот да го држиме под кумплунг. Вие сте камчето на патот кон Европа“, му рече тој на Пандов