Јотова: Вистинскиот почеток на преговорите на С. Македонија со ЕУ е со внесување на Бугарите во Уставот

од Nikola Popovski
1,5K прегледи

Вистинскиот почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ ќе биде кога Бугарите ќе бидат внесени како државотворна нација во Уставот на земјата, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова во интервју за Алсат Тв.

„Додека не се исполни овој услов, во пракса не може да има исчекор“, рече Јотова и нагласи дека Бугарија од Скопје очекува забрзување на процесот и работата на Мешовитата историска комисија.

„Ние овде на Балканот имаме заедничка иднина, а тоа е нашата европска иднина, а се друго може и треба да се реши“, посочи Јотова.

Потпретседателката на Бугарија изразила задоволство што Македонија се оградила од отворањето на приватниот македонски културен клуб во Благоевград и им честитала на политичарите во земјава кои го осудија палењето на бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во Битола и нападите врз други културни клубови.

Таа се надева дека одговорните за ова наскоро ќе бидат казнети.

Слични содржини