303
„Јас имам свој став околу предлогот за унапредување на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески за Уставен судија и јас не сметам тека треба да биде уставен судија“, изјави Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.
Грковска смета дека тој не треба да биде уставен судија поради непостигнатите задачи на таа функција.
„Сметам дека она што како републички јавен обвинител требаше да го постигне на таа позиција не го постигна и не гледам причина зошто понатаму би имал можност да продолжи со кариерата како Уставен судија“, посочи Грковска.