По истекување на рокот за пријавување на јавниот повик за приватните автобуски превозници за линиите 9,11 и 12, од Град Скопје за МИА информираат дека во недостиг на интерес за јавниот повик, Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ќе продолжи со сопствен капацитет да го извршува јавниот превоз.
-Градот Скопје даде можност за сите оние кои сакаат чесно и одговорно да работат и заработуваат од јавниот превоз, да се пријават на јавниот повик, соодветно бидејќи нема истакнат интерес ЈСП Скопје продолжува со сопствен капацитет да извршува непречен, навремен и стандардизиран јавен превоз. За оваа година, со цел подобрување на услугите на јавниот превоз, планирано е и дополнително зголемување на капацитетите на ЈСП со нови автобуси, велат од Град Скопје.
Инаку, вчера истече рокот за пријавување и на вториот јавен повик за приватните автобуски превозници за линиите 9, 11 и 12, кадешто се бараа 28 автобуси и 59 возачи.