ЈСП воведува бесплатен превоз поради загадениот воздух

од Nikola Popovski
218 прегледи

ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека согласно соопштението од Министерствтото за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспедндирани честички со големина до 10 микрометри, се активира мерката бесплатен јавен превоз.

-Мерката започнува да се применува од 26.12.2022 година, па се до завршување на алармантната состојба, што ќе биде објавено од надлежното министерство согласно резултатите од државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, стои во соопштението од ЈСП Скопје.

Владата за денеска воведе вонредна состојба во главниот град и уште три градови, со цел да ги заштити граѓаните од многу високо ниво на загаденост на воздухот.

Градежните работи ќе бидат ограничени на шест часа од понеделник, 26 декември, од 11 до 17 часот.

Владата им препорача на компаниите бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа онолку долго колку што трае загадувањето.

 

Слични содржини