Лазаров со обраќање до јавноста: „Латас е човек кој многу го почитувам, но сакам да се извинам за тоа што го чувте“

од Vladimir Zorba
407 прегледи

По два дена жестоки критики во јавноста поради интервјуто со новинарот Драган Павловиќ – Латас, јутјуберот Стефан Лазаров реши да и се обрати до јавноста.

– Латас е човек кој многу го почитувам и еден од луѓето кои имаат интересна животна приказна и затоа одлучивме да биде прв гостин. Концептот на подкаст е да се зборува на табу теми и да има слободен говор и да се споделуваат работи кои на ТВ не можеме да ги чуеме. Мене ми е јасно дека во Македонија ова е прво нешто и за сите нас е ова чудно и интервјуто на Карло Бос, меѓутоа се сложувам со вас, во право сте, и затоа сакам да ви се извинам за тоа што го чувте во подкастот, а јас како домаќин и водител дозволив тоа да се емитува. Дали се работи за силување или не, тоа ќе оставам на вас, меѓутоа сакам да се извинам затоа што добива една слика дека кај мене се промовираат такви работи, изјави Лазаров.

Слични содржини