154
Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол денеска изјави дека на секоја провокација од Северна Кореја мора да се одговори со еднаква сила, и покрај нејзиното нуклеарно оружје.
Коментирајќи го упадот на пет севернокорејски беспилотни летала во воздушниот простор на Јужна Кореја и реакцијата на системот за противвоздушна одбрана на таа земја, тој рече дека „не треба да се плашиме бидејќи Северна Кореја има нуклеарно оружје“, пренесува „Ројтерс“.
„Мораме да возвратиме и да ја казниме секоја провокација од Северна Кореја. Тоа е најмоќната алатка за потиснување на провокациите“, рече Џун.