Њујорк: Голем пожар во магацин на полицијата, има повредени (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
264 прегледи

Осум лица се повредени во пожар кој избувнал во магацин на њујоршката полиција каде се чуваат ДНК докази од места на злосторства.

Пожарот во Ери Басен Авто Паунд, кој се наоѓа на брегот на Бруклин, избувна околу 10:30 часот, изјави шефот на ФДНИ, Џон Хоџенс.

Во гаснењето на пожарот учествувале пожарникари, беспилотни летала, како и пловила, јавува ABC News.

Со полесни повреди се здобиле пожарникари, работници на брзата помош и цивили

Хоџенс рече дека може да потрае неколку дена за да се стави пожарот под контрола. Тој додаде дека при гаснењето со полесни повреди се здобиле тројца пожарникари, тројца работници на Брза помош и двајца цивили.

Во магацинот се чуваат ДНК докази од места на злосторства, како и велосипеди, мотоцикли и автомобили. Полицијата понекогаш го користи за јавни настани каде уништува нелегални мотоцикли, скутери и теренци.

Слични содржини