В.д. претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари најави дека во наредните 10 до 14 дена ќе презентира пакет мерки кои ќе се однесуваат на измени на Уставот, напоменујаќи дека тие ќе бидат како услов за да дадат поддршка за измените со кои Бугарите и други народи би се вметнале во Преамбулата на Уставот.
„Нашите пакет мерки планираме да ги претставиме и пред граѓаните, паралелно и пред нашето членство и пред амбасадорите – поважните амбасади што функционираат во Македонија, но и на другите политички партии кои се релевантни парламентарни партии. Паралелно ќе оди процесот на објавување и презентирање на овие наши услови, кои не се услови туку се пакет мерки кои мислам дека ќе ѝ помогнат многу на државата. Отсега сум сигурен дека нема партија која би одбила таков пакет мерки“,рече Таравари во вестите на Сител.