Жерар Пике пред неколку недели ја објави првата фотографија со својата 23-годишна девојка Клара Чија Марти, а во јавноста се почесто се појавуваат заедно.
Двојката беше фотографирана како се шета низ Барселона и беа во одлично расположение. Тие се држеа за раце и се смееја, а Пике во еден момент ја прегрна Клара и го сокри нејзиното лице од папараците.
Сцената беше изненадувачка бидејќи неодамна шпанските медиуми објавија дека девојката на фудбалерот била примена во приватна клиника во Барселона за да се лекува од анксиозна криза која до тој степен ја погодила што решила да се лекува.
Сега во шпанските медиуми се појави информација дека Шакира планира да му го зададе последниот удар на Пике. Имено, таа планира да даде големо интервју и да проговори за колапсот на нивната врска.
Деталите од интервјуто се уште не се познати, но се шпекулира дека Шакира во блиска иднина ќе зборува за еден шпански медиум.
Да потсетиме, пејачката сними песни за нивната врска, а последната Music Sessions #53 беше онаа на која реагираше и фудбалерот.