Министерот за економија, Крешник Бектеши соопшти дека ќе поевтинат цените на тоалетната хартија, влажните марамчиња, хигиенските влошки и пелените.
-Владата донесе одлука за замрзнување на хигиенските производи. Ќе се определува највисока цена во трговијата на мало за тоалетна хартија, влажни марамчиња, влошки, пелени за деца и возрасни и намалувањето ќе биде 13% од цените кои биле на 20-ти март. Оваа одлука се носи согласно направените анализи во склоп на Секторот за трговија, информира министерот за економија, Крешник Бектеши.
-Во периодот од 1 март до 24 март 2023 година цената на тоалетната хартија се движела од 94,8 до 205 денари и на оваа цена кога ќе се пресмета и ДДВ би се движела од 111,8 денари до 241,9 денари, а главно повеќе од сите овие производи повеќе од 85 отсо, се увезени во нашата држава. За влажни марамици во просек цената се движела од 94,6 денари во јануари, 94,5 во февруари и 83,2 денари во март 2023 година каде имаме царинска ставка од 6 отсто и не е вклучено ДДВ. За пелени за деца и возрасни цената се движи 36 денари по парче до 1 600 ден по кутија со бројни пакувања и тука не е вклучено ДДВ, додаде Бектеши пред присутните новинари.
Во однос на овошјето и зеленчукот, министерот истакна дека ги очекува податоците од Царинската управа. Како што изјави Бектеши, влезните параметри за овошјето и зеленчукот од Министерството за земјоделство се веќе во Министерството за економија.
-Во текот на денешниот ден, најверојатно до утре, ќе ги имаме сите податоци и во петок или во недела ќе ја информираме јавноста на кои овошја и зеленчуци ќе се замрзнат цените, истакна Бектеши.