168
Министерот за здравство Беким Сали денеска информира дека неговата партија дава можност доколку името Беким Сали е пречка и нудат компромис.
-Треба да се дефинираат работите дали е кадарот или политиката приоритет. Дали е ова мој последен јавен настап? Не верувам затоа што во тек сите центри што добија соработката со Светската банка, така што најмалку уште петпати ќе се гледаме, а за понатаму ќе видиме. И десет години да сте министер, никогаш нема да стигнете до крајот да ги решите проблемите во здравството, многу е важно она што ќе го кажете во јавноста и да го исполните, рече министерот Сали по најавите за негова смена и доделување на ресорот на Алијансата за Албанците за евентуален влез во Влада.