Во вторник ќе потпишеме договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за 55 милиони евра да инвестираме во регионални депонии и за инфраструктурата што е потребна во нашата држава. Да го решиме еднаш и засекогаш проблемот со отпадот, соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Нуредини во Дневникот на Сител појасни дека било потребно да се подготви целата документација, да имаат преговори со меѓународни партнери и донатори за да стигнат до овој момент.
Министерот за животна средина додаде дека сега имаме закони за отпад, се подготвуваат други закони, за води, за заштита на природа… Според него, следните од две до четири години ќе бидат најважни за нашата држава бидејќи, како што рече, по четири години ќе имаме пречистителни станици во Скопје, во Битола и во Тетово, ќе имаме регионални депонии, сите општини ќе добијат камиони, контејнери…