Ќерка на ИТ магнат: Сопругата на новиот британски премиер побогата од кралот Чарлс

од Stefanija Kuzmanovska
332 прегледи

Во моментот кога Риши Сунак стана премиер на Велика Британија, погледите на светската јавност се насочија кон неговата сопруга Акшати Мурти. Новиот британски премиер и неговата сопруга ќе бидат најбогатата двојка што некогаш се преселила во Даунинг Стрит на крајот на оваа недела.

Саманта Камерон, сопругата на поранешниот премиер Дејвид Камерон и „првата дама“ на Велика Британија од 2010 до 2016 година, исто така се најде на насловните страници поради огромното богатство кое требаше да го наследи.

Но, наследничката на милијардерот Акшати (42) е побогата од самиот британски крал поради уделот од 430 милиони фунти во ИТ империјата на својот татко, пишува „Дејли мејл“. Риши (42) и неговата сопруга Акшати (42), како и нивните ќерки Кришна и Анушка, ќе бидат првото хинду семејство кое ќе се всели во премиерската куќа.

На многу начини, овој пар ќе промени еден вид традиција во Британија.

Премиерот и неговата сопруга имаат 730 милиони фунти

Риши Сунак доживеа метеорски подем во кариерата во последните седум години. За време на претходните интервјуа, тој често зборуваше за неговата сопруга, ќерката на индискиот ИТ магнат Нарајан Мурти, кој е сопственик на Infosys со седиште во Бангалор.

Заедно, премиерот и неговата сопруга вредат 730 милиони фунти, објави The Sunday Times во мај.

Слични содржини