Шефицата на албанската дипломатија, Ољта Џачка денеска од Скопје порача дека Албанците од С. Македонија имаат голема улога.
-Тие докажале дека придонесуваат за стабилноста на државата и даваат безрезервна поддршка за евроинтеграциите. Исто така треба да продолжи примената на нивните права преку Охридскиот рамковен договор. Албанците во земјава, но и македонското малцинство во Албанија остануваат силен мост за поврзување и соработка меѓу нашите две земји. Денес имаме ситуација без преседан, што нашите земји ги прави објекти за напади. Можам да ги истакнам сајбер нападите и кои можат да се надминат само преку тесна соработка и во координација со меѓународните европски и американски партнери, рече Џачка на прес-конференцијата со нејзиниот македонски колега Бујар Османи.