Џафери по повод божиќните празници: Само заедно сме силни, само со подадена рака сме значаен фактор и пример за регионот

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до православните верници по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ со желби за добро здравје, душевен мир и семејна благосостојба.

-Во овој период од годината кога после Новогодишните празници се празнува еден од централните празници на христијанството, Божиќ, се овозможува повторно на сите граѓани кои го слават, меѓутоа и на сите кои се во нивна близина, сограѓаните, соседите, пријателите и соработниците, да ја почувствуваат магијата што ја создава празничната атмосфера. Тоа е уште една прилика да се почувствуваат топлите прегратки, да се видат широки насмевки и да се чујат убави и благородни мисли на взаемна почит, разбирање, сочувство и солидарност а тие се неопходни во овие времиња на предизвик за човештвото и светот воопшто, наведува Џафери во честитката.

Нека Ве водат позитивни мисли, продолжува Џафери, нека бидат повод да правиме добри дела, заедно, и индивидуално.

-Секој гест, колку и да е мал и безначаен, е капка во бранот што не води напред нас и Република Северна Македонија. Само заедно сме силни, само со подадена рака сме значаен фактор и пример за регионот. Да рефлектираме надеж, за да имаме надеж во мир, напредок и благосостојба за сите во иднина. Среќни Божиќни празници!, додава Џафери во честитката.

Слични содржини