Џафери веднаш ќе ја започне постапката за уставни измени штом дојде предлогот

од Nikola Popovski
133 прегледи

Веднаш штом до мене дојде предлог, ќе ја започнам постапката за уставните измени, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери на средба со новинарите.

Џафери не одговори со временски рок кога ќе почне постапката за отворање на Уставот и вели дека немало потреба од директна средба претседател на Собрание – премиер да разговараат по прашање за кое јавно се произнел и премиерот и другите чинители дека во моментов се нема соодветно мнозинство, односно дека се разговара со сите.

-И во моментот кога ќе сметаат дека имаат услови да покренат иницијатива јас сум подготвен како претседател на Комисијата и на Собранието да постапувам согласно процедурата, откако ќе се добие иницијатива понатаму, истакна Џафери.

Уставните измени се поставени како услов по потпишувањето на билатералниот Протокол на земјава со Бугарија и продолжување на втората фаза од преговорите со ЕУ.

Слични содржини