Станува збор за тешка провокација организирана од Скопје, бидејќи тие страшно згрешија додека ги напаѓаа бугарските клубови во Битола и Охрид. Протестираме против собирот на активни македонски политичари со сепаратистите во Бугарија. Луѓето кои стојат зад овој клуб велат дека Бугарија е окупатор во Пиринска Македонија, дека Благоевград е македонски.
Ова го истакна лидерот на ВМРО, Ангел Џамбаски по повод отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград.
Иницијатива предизвикува поделени реакции, отпор и протести кај нашиот источен сосед.
Клубот го отвора приватна организација која смета дека Македонците во Бугарија се угнетувани и се борат за своите права.
ВМРО денеска најавува и протестира против отворањето на овој клуб.
Според Џамбазки, „државата С. Македонија и лидерот на нејзината опозиција ги поддржуваат сепаратистите“.
„Ова е апсолутно кршење на Договорот за добрососедство и секоја форма на добрососедство и добри односи меѓу земјите“, додаде тој.