Џеј Ло ги избриша сите објави на Инстаграм, постави црна профилна фотографија

од Stefanija Kuzmanovska
338 прегледи

Пејачката Џенифер Лопез ги избриша сите објави од својот Инстаграм профил и никој не знае што се случува.

Таа не се огласи, ниту пак даде никакво објаснување.

Во текот на оваа недела, Џенифер објави видео на Тикток на кое може да се види како разменува нежности со нејзиниот сопруг Бен Афлек, што подоцна го сподели на својот Инстаграм.

Нејзиниот потег да ги избрише сите фотографии изненади многумина бидејќи пејачката беше многу активна на оваа социјална мрежа.

Многумина се загрижија дали нешто се случило, со оглед на тоа што таа освен што ги избриша сите објави, поставила и целосно црна слика на нејзината профилна фотографија.

Додека некои веруваат дека ова е маркетиншки трик, други се загрижени.

Џенифер Лопез има вкупно 227 милиони следбеници на оваа социјална мрежа.

Слични содржини