Џејн Фонда го победи ракот

од Nikola Popovski
180 прегледи

Познатата актерка Џејн Фонда на почетокот на оваа година објави дека има рак и веднаш ќе започне со лекување.

Таа ги информирала своите фанови на Инстаграм и истакнала дека боледува од Нон-Хочкинов лимфом и веднаш почнала со хемотерапија.

Сепак, сега ја споделила добрата вест, а тоа е дека докторот и рекол дека ракот е во ремисија.

„Се чувствувам толку благословено, толку богато. Мислам на сите вас кои се молевте за мене и ми испративте позитивни мисли. Сигурна сум дека тоа одигра голема улога во оваа добра вест“, напиша таа на својот блог.

Истакнала и дека првите четири третмани со хемотерапија и биле прилично лесни, но последниот бил најтежок и не можела да направи речиси ништо.

Џејн Фонда на 21 декември ќе го прослави својот 85-ти роденден, па оваа вест е секако еден од најдобрите подароци што можела да ги добие.

Слични содржини