„Златан, спушти се на подот“: Ибрахимовиќ и Џејн Фонда снимија реклама (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Дали си подготвен, го прашала актерката Џејн Фонда (84) фудбалерот Златан Ибрахимовиќ (41) за време на снимањето на реклама за моден бренд.

Двајцата се појавија во заедничка реклама со видео повик меѓу фудбалерот и поранешната фитнес икона од 1980-тите.

„Рацете горе, нозете доле“, го диктираше темпото Фонда додека Златан послушно ја извршуваше секоја наредба. Откако ќе направеше мала пауза, ја прашуваше Фонда дали неговите потези се точни.

„Ајде Златан, побрзај, спушти се на подот“, би го подигнала гласот актерката.

„Не е лошо за некој на твоја возраст“, заклучи поранешната фитнес икона.

Рекламата стана популарна на социјалните мрежи, со повеќе од 35.000 прегледи за два дена.

Слични содржини