Џони Деп се испроба во уште една уметност и заработи огромна сума на пари (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
230 прегледи

Освен што е одличен актер, Џони Деп е успешен и во сликањето.

Тој ја одржа својата втора изложба на неговата колекција „Пријатели и херои“, која ќе биде достапна за продажба во Велика Британија.

Како дел од оваа изложба беа претставени серија портрети во ограничено издание на писателот Хантер С. Томпсон, актерите Хит Леџер и Ривер Феникс, како и музичарот Боб Марли.

Сликите беа ставени на продажба минатиот понеделник во галеријата за ликовни уметности замок во Лондон, а портпаролот на галеријата вчера изјави дека речиси сите слики се продадени и дека останале „уште неколку портрети на Ривер Феникс“.

Како што објавија странските медиуми, секој портрет чини 4.500 фунти, додека сите четири во комплет може да се купат за 17.500 фунти.