Џорџа Мелони и нејзината шестгодишна ќерка добиле смртни закани

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината шестгодишна ќерка добиле смртни закани на интернет. Заканите ги упатил невработен маж незадоволен од владиниот план за укинување на субвенциите за борба против сиромаштијата, соопшти полицијата.

Во соопштението се наведува дека против 27-годишниот маж е покрената истрага за заканувачко однесување, дека е претресена неговата куќа и затворена неговата сметка на социјалната мрежа „Твитер“.

Владата предводена од Мелони сака да ја ограничи таканаречената програма за приход на граѓаните следната година пред целосното укинување на таа регулатива во 2024 година, кога ќе биде заменета со нова програма чии детали се уште се разработуваат.

Италијанската премиерка секогаш ја критикуваше програмата, која беше воведена во 2019 година, тврдејќи дека луѓето во работоспособна возраст не треба „засекогаш да живеат од државна помош“.

Слични содржини