⚽Трето најдобро постигнување во 21 век: Флик заостанува само за гол од Гвардиола и Зидан

од Vladimir Zorba
54 прегледи

Барселона на Ханси Флик постигна 33 гола во првите 10 кола од сезоната во Ла Лига, трето најдобро постигнување во 21 век.

Само двајца тренери стартуваа во шпанското првенство со повеќе голови од „блауграните“. Пеп Гвардиола со Барселона и Зинедин Зидан со Реал Мадрид – нивните тимови постигнаа по 34 гола по 10 кола.

Најголем придонес за ова има Роберт Левандовски, кој е најдобар стрелец во Ла Лига со 12 гола. Рафиња (5) и Ламин Јамал (4) се во првите 3 стрелци во каталонскиот клуб.

Во поредокот Барселона води со 3 бода предност пред Реал Мадрид пред „Ел Класико“ кое е во следната рунда. Атлетико Мадрид е на третата позиција со 20 бодови – 7 бода заостанување од лидерот.

Слични содржини