Бидејќи е лето, време е за еден летен хибрид од кроасан и сладолед. Сладолед со кроасан, сладолед во кроасан или „ice crone“ е изум на пекарата Flaky Pastry од Дубаи, а за рекордно време стана хит на социјалните мрежи.
Станува збор за комбинација од крцкав и сочен кроасан, кој во овој случај ја презема улогата на корнет, кој потоа се издлабува и се полни со сладолед по избор, а на него може да се додадат разни преливи, овошје и јаткасти плодови. Во оваа пекара најпопуларни вкусови се малина, ф’стаци и чоколадо и лешник.
@digitaldiarylondon The viral ice cream croissant is back 🍦☀️ I had the vanilla ice cream with hazelnut toppings and really like the combination of ice cream and croissant together. It is massive though so definitely recommend sharing 😂 Also available in pistachio flavour with pistachio toppings 🍨 📍British Patagonia Save for your next ice cream run and follow for more! 🏷️ London | Explore | things to do London | Places to go London | Food | Travel guide | London food guide | aesthetic | Ice cream | Cafe | beautiful places #london #londonlife #londonfood #londonfoodie #londonhotspots #londonfoodguide #londontiktok #fyp #foryou #foryoupage #fypシ゚ #londondiaries #icecream #explore #viral #dessert ♬ Hell N Back (feat. Summer Walker) – Bakar
Но, добрата вест е што овие неверојатни десерти може да се вкусат и во Европа. Пекарата British Patagonia во Лондон нуди сладоледи со различни вкусови кои доаѓаат во кроасан, како сорбе од јагода, нов вкус воведен од оваа година, како и од класични ф’стаци.