Кнедли со чоколадо – десерт кој не смеете да го пропуштите

од Vladimir Zorba

Кога кнедлите „одлетаа“ од супата и се префрлија на слатката страна на менито, на многумина им станаа омилен десерт.

Без разлика дали се со овошје, само со шеќер или чоколадо, кнедлите се секогаш вистинскиот избор. Овој пат за вас подготвивме рецепт за кнедли полни со чоколадо, кој ќе ве воодушеви.

Состојки:

* 4-5 средни компири
* 3 јајца
* масло
* 4 лажици брашно
* сол

За полнење:

* 200 гр чоколадо за готвење или млечно чоколадо

И уште:

* 150 гр презла
* кафеав шеќер

Подготовка:

Излупете ги и исчистете ги компирите, па ставете ги да се варат. Кога е целосно сварени, испасирајте ги.

Додадете ги јајцата, маслото и солта и измешајте.

Постепено додавајте брашно додека не добиете тесто.

Расукајте го тестото на површината на која претходно сте наросиле брашно.

Земете една чаша и со неа исечете кругови.

На секој исечен круг ставете по една коцка чоколадо.

Преклопете и обликувајте топчиња.

Ставете ја водата да се загрее и кога ќе зоврие време е да ги сварите кнедлите.

Варете ги додека не испливаат на површина – од тој момент оставете ги да се варат уште 10 минути.

Извадете ги и валкајте ги една по една во мешавина од презла и кафеав шеќер.

На здравје!

Слични содржини