🎥📷Автомобил удри во граѓани кои оделе на протест во Белград, има повредени

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Денес во Белград се одржува голем студентски протест. Студентите кои го блокираат ЕТФ најавија дека има промена на планот – бината ќе биде поставена кај Славија и таму ќе се одржуваат говори, а протестот ќе се одржи пред Собранието. Собирот на граѓани почна неколку часа порано на различни локации во Белград.

На социјалните мрежи е објавено видео од инцидент во населбата Жарково во Белград, каде автомобил влетал во толпа луѓе.

Во Жарково веќе почнаа да се собираат студенти и граѓани кои од правец на Чукарица се упатуваат кон центарот на градот. Сепак, иако мирно се собирале, дошло до инцидент кога непознат возач со автомобил влетал низ толпата, при што наводно повредил неколку лица, пренесува Нова.рс.

Предупредуваме дека снимката може да биде вознемирувачка за некои читатели:

Слични содржини