Фудбалерите на Аталанта ја совладаа Рома со 2:0 во Рим и се пробија до второто место во Серија А.
Вториот гол за тимот од Бергамо го постигна Николо Заниоло, поранешен играч на „волците“. Тој беше главна тема по натпреварот.
🇮🇹💙 Nicolo Zaniolo bagged a goal against his former club AS Roma… and his celebration was full of energy!
— CentreGoals. (@centregoals) December 2, 2024
Голот бурно го прослави иако мина пет сезони во Рома, а навивачите се надеваа дека таму ќе остане до крајот на кариерата како предводник на генерацијата.
Таа прослава предизвика бес кај навивачите на Рома и во Рим беше поставен огромен и погрден транспарент.
„Заниоло е предавник и го*но без чест“, напишаа ултрасите на Рома.
Играчот за врска играше во Рома од 2018 до 2023 година и постигна 24 гола и имаше 18 асистенции на 128 натпревари. Тој го постигна решавачкиот гол во финалето на Конференциската лига против Феенорд во 2022 година кога Рома го освои првиот и единствен европски трофеј во својата историја.
Играше и за Астон Вила, Интер и Галатасарај, а на почетокот на оваа година се пресели во Аталанта на позајмица со право на откуп од турскиот клуб.